Се бара консултант за формирање национален авиопревозник

Министерството за транспорт  објави оглас за избор на консултантска компанија која треба да ја утврди економската оправданост за формирање редовен национален авиопревозник.

Покрај подготовка на студија за економската оправданост на проекто, консултантската компанија која ќе биде избрана ќе треба да анимира реномирани странски авиокомпании да се јават на тендерот  за македонски национален авиопревозник.

Консултантот ќе треба да ја советува и македонската влада како да ја организира постапката за да најде квалитетен понудувач.

За подготовката на студија за економска исплатливост е планирано да се потрошат околу 160.000 евра, без вклучен ДДВ. Заинтересираните консултантски компании понудите треба да ги достава до 29 декември.

Министерството за транспорт и врски уште во јуни годинава најави дека за еден месец (во јули) ќе распише повик за консултант.