Се бара кртот во Владата: Српските министри издавале државни тајни

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ му наложи на министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ да истражи кој издавал информации од седниците на Владата и ги пренесувал одлуките кои ја носат ознаката „строго доверливо“.

Премиерот Вучиќ се одлучил на овој чекор бидејќи веќе подолг временски период истекуваат во јавност доверливи државни податоци.

„Вучиќ во повеќе наврати на министрите на седниците н а Влада им велел дека оодлуките од кабинетот, дури и оние доверливите излегуваат во јавноста“.

Тој на овој индиректен начин предупредува да се претстане со тоа, најблаго речено, крајно неодговорно однесување, а може да биде и ризично од аспект на безбедноста- вели изворот на српски Курир и продолжува дека затоа е одлучено да се пронајде кртот во Владата.