Се бараат нови работници во странските компании

Странските компании во земјава ги реализираат најавените вработувања. Нови работнии бараат во повеќе компании, како Костал, КСС, Гентерм, Леар и ОДВ Електрик, информираат од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони. Вчера и од Џонсон Контролс инфромираа дека бараат работници за нивната нова фабрика во Струмица. Се бараат работници со и без работно искуство, а огласот за аплицирање е отворен до 15 септември, пишува Лидер.

Во фабриката отворени се следните работни позиции:

-Вилушкаристи
-Механичари за одржување
-Елекротехничари

Квалификации: Со или без работно искуство, а со желба за работа

За сметка на тоа од компанијата посочуваат дека Џонсон Контролс нуди безбедна и сигурна работна средина, редовна исплата на плати и надоместоци, бонуси и награди, кариерен развој и личен напредок, како и организиран транспорт и храна.

Во месец мај оваа година на камен темелникот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакна дека ова е многу значајна инвестиција за Струмица, прва од ваков поголем вид.

-Долго работевме на неа како економски тим во владата. Минатата година ја ветив тука во Струмица и еве сега почнува реализацијата на делот што е гринфилд, односно изградба на нова фабрика. Треба да се вработат 1500 луѓе како директни вработувања, плус поголем број на луѓе како индиректни вработувања. Се очекува некаде до првиот квартал следната година кога треба и да се заврши објектот да се вработат околу 1300, а потоа уште околу 200 и напоменувам уште поголем број на индиректни вработувања, околу 20 милиони евра инвестиција, посочи Никола Груевски, лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Во новиот производствен капацитет компанијата ќе шие делови за навлаки за автомобилски седишта наменети за европскиот пазар. Со ова Џонсон Контролс по отворањето на фабриката во Штип го проширува својот бизнис во државата со што овозможува вработување на над 3000 лица.

ИБМ: Македонија е лидер по новоотворени работни места

Дека Сстранските директни инвестиции отвораат нови работни места покажуваат и странските извештај. Последен е оној извештај на институтот ИБМ. Според овој извештај, Македонија е лидер во отворањето нови работни места по глава на жител. Лани во нашата земја се креирале над 6.000 работни места од нови инвестициски проекти, односно по 2.900 работни места на милион жители.

-Голем број на компании воопшто и пред да не контактираат нас прават една анализа на сите информации и анализи од меѓународните институции. Секако ова ќе биде една дополнителна позитивна активност која ќе биде поврзана со Македонија. Во нашите презентации, не само на бизнис – форумите туку и во директни контакти со компании, кога ќе покажеме каде е Македонија и како ние сме рангирани, ќе допринесе ние да бидеме подлабински анализирани, вели директорот на слободните зони, Виктор Мизо.

Рангирањето од ИБМ веќе има позитивни ефекти. Според кретаротот на рагирањето, Роел Шпее, голем број компании почнале да се распрашуваат за нашата држава. Тоа што Македонија две години по ред се наоѓа на лидерската позиција ја прави исклучително атрактивна за компаниите.

-Македонија има силни страни. Прво, оперативните трошоци на компаниите, трошоците за труд и корпоративното оданочување се многу конкуретни во европски контекст, значи тоа од финансиска перспектива е многу интересно за компаниите. Второ, работната сила е со добар квалитет, компаниите се успешни и повеќе од нив веќе реинвестираа во земјата. Тоа потврдува дека тие се доста задоволни со квалитетот на работната сила, техничките вештини и од продуктивноста на работната сила, вели Шпее.

Во 2014 година извозот од зоните изнесува 1,17 милијарди евра, што значи 31 процент од вкупниот износ во државата. Последните податоци за оваа година говорат дека тој процент се зголемува и извозот за 2015 изнесува 36 отсто. Во првите шест месеци од 2016 година извозот од овие зони изнесува околу 850 милиони евра или околу 21 процент зголемување со истиот период од лани, кога извозот изнесувал 700 милиони евра од зоните.