Се бараат преживеани по пожарите во Калифорнија

Спасувачки екипи во американската сојузна држава Калифорнија продолжуваат со потрагата по десетиците лица кои се водат како исчезнати по големите пожари, што го зафатија реонот на градот Санта Роза.

Спасувачите ги пребаруваат изгорените куќи во надеж дека ќе пронајдат преживеани.

Бројот на загинати, според последните податоци, изнесува 41, а илјадници куќи изгореа како резултат на пожарите кои се проширија на потегот меѓу окрузите Напа и Сонома.

Поволен развој на настаните е што ветровите, кои ги ширеа пожарите низ сушниот регион, ослабнаа.

Забраната за враќање во домовите се уште е во сила за 34.000 граѓани, кои живеат во области што се уште се под закана од пожарите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.