Се буди ли заспаниот вулкан во Рим?

Сериите земјотреси што ја погодија Центарална Италија во последниве два месеци разбудија страв дека главниот град е под огромен ризик. Сите потреси, кои беа проследени со моќни афтершокови, докажаа дека се доволно јаки за да ги разурнат важните историски градби, како што се случи тоа со црквата Свети Еутуцио во Умбрија, оштетите на црквите и објектите во срцето на Рим, вклучувајќи го и Колосеумот.

Додека научницијте ја смируваат ситуацијата и тврдат дека нема ризик од голем земјотрес, во Вечниот град е отркиена нова опасност- подземен вулкан. Сместен недалеку од Рим, вулканот покажува знаци на активност кои, комбинирани со сеизмичката историја на тој регион, индицираат на повторно бавно будење, објаснува интернационален тим на експерти.

Сепак, граѓаните не треба сè уште да се грижат. Иако, геолошките наоди велат дек

а ерупцијата е неизбежна, тоа нема да се случи во наредните илјада години.

Отворите на вулканот, кои се наоѓаат на 5 и 10 километри под населените области на Ариција, Кастел Гандолфо и Албано, се полнат со магма, со што нивото на земјиштето се зголемува за 2 до 3 милиметри годишно, велат научниците.

Тимот од Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ), од универзитетот во Ла Сапиенца, направи реконструкција на 600.000-годишната историја на ридовите Албан, кои се наоѓаат на 20 километри југоисточно од главниот град на Италија и утврди дека цикличните ерупции соодветствуваат со предвиденото време на земјотресите.
Научниците велат дека долгите паузи меѓу активирањето се главната причина за опасност.

– Секоја ерупција има експлозивен ефект, исто како кога би отвориле шампањ по затресувањето на шишето – вели Фабрицио Мара од Националниот институт.

Ваквите процеси биле причините на земјотресите од почетокот на 1990-та година, цо помали потреси и неколку земјотреси предизвикани од магмата во вулканите. Мара смета дека жителите на градовите Ариција, Албано, Марино и Кастел Гандолфо засега немаат причина да се грижат.

– Во случајот на Везув, каде што ерупциите се многу почести, а последните беа за време на Втората светска војна, треба да бидеме спремни со план доколку такво нешто повторно се случи – вели Мара.

Најголемите земјотреси во Италија, во последниве 36 години, оставија 15.000 луѓе без покрив над главата, објавија властите во понеделникот.
Земјотресот од 6,6 степени во неделата не резултираше со смртни случаи, но при третиот силен земјотрес од 6,2 степени на 24 август загинаа 300 лица и остави илјадници домови во урнатини или структурно небезбедни, испразни села и мали градови низ планинските региони на земјата.