Се чека ДИК да го каже последниот збор

Според ДИК, на обработени 99,72 отсто од гласовите, резултатите се следниве: 452.709 гласа за ВМРО-ДПМНЕ, а 436.469 гласа за СДСМ. ДУИ има 86.812 гласа. Четврта е БЕСА со 57.912 гласа.поред досега обработените гласови, ДИК објави дека разликата меѓу двете партии е 16.240 гласа во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

По колку пратенички места освоија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе биде познато во текот на денот, откако Државната изборна комисија (ДИК) ќе го објави официјално бројот на мандати што ги добила секоја партија.

Во меѓувреме, според информаиите од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ има два пратеника повеќе од СДСМ, односно 51:49, а  СДСМ рано утрово соопшти дека согласно резултатите од нивниот аналитички центар, бројот на освоени мандати на СДСМ е 51, исто како и на ВМРО-ДПМНЕ.