Се чистат отворените канали во општина Кисела Вода

Со чистење на каналот за отпадни води во месноста “Потстаница” (Црниот канал), општина Кисела Вода ја отпочна акцијата за превентивно чистење на отворените канали во овој дел на градот.

Станува збор за превентивно чистење на каналите во летниот и почетокот на есенскиот период, поради опасност од згуснување на вегетацијата и таложење на поголеми количества тиња, што може да влијае врз намалување на нивната пропусна моќ.

Перманентното чистење се врши за да се спречи нивно излевање при евентуални обилни врнежи.

Деновиве, екипи на фирмата “Водостопанство Скопско Поле” ќе продолжат и со чистење на коритото на реката “Мала Рада” во селото Драчево.

За оваа намена општина Кисела Вода од својот буџет секоја година издвојува околу 4 милиони денари.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина.