Се чисти канализациската и атморсферската мрежа во Ѓорче Петров

Општината Ѓорче Петров во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ Скопје започна акција во расчистување на канализациската и атморсферската мрежа на проблематичните улици во општината.

Акцијата се презема со цел да се елиминираат или намалат евентуалните последици од можни нови дождови.

Воедно се вршеа интервенции по барања доставени од граѓаните до општинските служби за прочистување на затнати шахти.

Работниците од ЈП Водовод и канализација беа изненадени од се што нашле во шахтите. Туршија, комина, ќебе, детски играчки, пластични шишиња, пепел, недогорени дрва се само дел од „ богатиот“ асортиман кој беше е исчистен од шахтите.

Екипите на „Водовод и канализација“ односно пунктот во Ѓорче Петров се секогаш на висината на задачата, а тоа се должи пред се на одличната соработка со општината и планот за заедничко дејствување и контролирање на ситуацијата на терен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.