Се чисти коритото на реката Серава

Согласно со Програмата за одржување на коритото на река Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2015 година, деновиве почна чистењето на коритото и косинити на реката Серава.

Екипите на ЈП„Улици и патишта“ машински ги чистат косините и коритото на реката Серава на локација кај Римскиот аквадукт.

Од коритото на реката Серава на должина од 200 метри машински се извадени околу 3.200 кубни метри наноси на земја, мил и разновиден  комунален отпад. По нивно просушување, утоварени се на камион и транспортирани до соодветна локација за одлагање.

Исто така, исчистена е и целата нискостеблеста и високостеблеста вегетација која го попречува нормалното течење на водата во коритото на реката.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.