Се дефинира буџетот на референдумската кампања

Надлежнте органи до утре треба да достават информации за средствата што ги имаат на располагање за референдумот, а Владата на седница да ја одреди сумата што ќе се одвои за кампања. Некои од институциите веќе доставуваат и ги знаат бројките, а пари за кампањата бараат и здруженијата кои се противат на референдумот за кампањата „Македонија бојкотира“.

Од Владата најавија дека кампањата ќе биде информативна со цел да се споделат информации од јавен интерес околу содржината на Договорот со Грција