Екипи од јавните претпријатија на Град Скопје ги демонтираат денеска вртелешките од Плоштад Македонија, кои ги постави поранешниот градоначалник Коце Трајановски. Каруселот и трите реквизите од плоштад треба да бидат дислоцирани со одлука на новиот градоначалник Петре Шилегов.
Оваа одлука беше донесена првенствено по барање на велосипедистите со цел да им се остави поголем простор за движење. Според Град Скопје овие рекреативни елементи го блокираат движењето на пешаците и велосипедистите по кејот.
Освен тоа ќе биде демонтиран и каруселот кој се наоѓа на кејот од другата страна на Вардар. Како и првиот, така и овој ќе биде дислоциран заедно со двата реквизити.
Едниот карусел ќе се носи во Општина Аеродром, во паркот кај авионот во Ново Лисиче, додека другиот ќе биде преселен во Општина Чаир.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.