Се дислоцира споменикот на Цар Самоил

Споменикот на Цар Самоил,  се дислоцира од плоштад „Македонија“, неколку метри поназад  на улицата Македонија. Според информации од Градот, преместувањето на споменикот е поради реконструкцијата на плоштадот.

Иако во медиумите беше пласирана информација дека сечењето на старите костени пред пред кафеаната „Пелистер“  е со цел да се обезбеди место за поставување на споменикот, од Градот демантираат каква било поврзаност меѓу двата случаи.

 

Фото: Скопје инфо

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.