Се е подготвено за снимањето на филмот „ А фонт “

Подготовките за снимањето на францускиот филм „ А фонт “ започнаа рано утринава.

Најзначајната сцена од филмот ќе се снима во Македонија.

Филмот е за семејна акциона комедија, под режисерската палка на Никола Бенаму, чии филмови се вистински хит во Франција, но и во цела Европа.

Снимањето на сцените од филмот започнуваат од 7 септември годинава, а ова воедно претставува и најголема странска инвестиција во областа на филмската индустрија досега во земјата.

2

Во снимањето на филмот „ А фонт “ќе бидат вклучени повеќе 100 професионалци од Франција и околу 400 филмски работници, статисти и придружни соработници од Македонија.

-Снимањето на филмот ќе трае 7 недели. Очекувањата на француските продуценти и од она ние што го знаеме од сценариото и генерално од досегашната соработка и со режисерот и целата француска екипа очекуваме дека навистина ќе биде интересен и успешен филм. Ако се земе во предвид дека претходниот филм на режисерот беше голем хит во Франција, можеме да го очекуваме истото и од овој филм. Се работи за акциона фамилијарна комедија, вели Дејан Илиев, продукциски менаџер од македонскиот тим.

3Актерите имале по некои специфични барања, како на пример водата која ја пијат, па истата се увезувала, специјална и посебна теретана во соба во хотелот во кој престојуваат.

Токму поради напорните снимања кои ќе траат и по 12 часа, ваквите барања на актерите се и оправдани, со оглед на тоа што тие мора да бидат одморени и концентрирани. Планирано е филмот да биде готов следната година во јули.

-Во понеделник, практично е главната проба, нема да биде снимање, туку симулирање за тоа да се види колку време ќе биде потребно за екипата да се намести на патот, затоа што се работи за голем камп кој ќе биде на самиот автопат, објаснува Илиев, пренесува Курир.

Само еден кадар од филмот, ќе се снима на најмалку 4-5 километри, а една сцена ќе се повторува по неколку пати.

-Само атмосферски возила ќе бидат 50-на секој ден, ќе има над 300-400 такви возила. Има околу 30-на возила, т.н. специфични возила, амбулантни, полициски возила, како и одредени автомобили кои што учествуваат во каскадерските сцени. Транспортот на екипата која што е позади сцената е исто така огромен, повеќе од 20 камиони, околу 15-на комбиња, автобуси, виљушкари, кранови, додава тој.

4Ќе има и хеликоптерски сцени, кои ќе бидат доста интересни за снимање, со оглед на тоа што најсложената сцена е спасување на луѓето со хеликоптер. За таа сцена еден хеликоптер ќе снима, а другиот ќе биде во сцената.

Околу 120 македонски возачи се тренираат од страна француските каскадери кои ќе бидат дел од сцените на филмот.

-Се работи за една брканица со голема брзина по автопат и сите тие возачи мора да можат на високо професионално ниво да ја изведат таа улога, без притоа да се доведе во опасност животот на возачите и на екипата. Дополнително уште 150 статисти ќе учествуваат во снимањето во една сцена каде што има гужва на патот, односно застој во сообраќајот, објаснува Илиев.

Соработката со француската е многу добро искуство за македонската екипа вели Богдан Јончевски асистент на продукциски менаџер.

А Фонт “ е акциона комедија, која ја прати приказната на семејство кое доживува „несреќа“, односно нивниот автомобил се расипува на сред автопат. Филмот изобилува со каскадерски сцени, за чие снимање ќе се користат најсовремени методи, за прв пат спроведени на територијата на Македонија.