Се евакуираат 40 градови во Австралија поради пожари

Илјадници луѓе во руралната западна област Викторија во Јужна Австралија се повикани на евакуација поради пожарите што ги зафатиле шумите и се протегаат на 25 километри широчина, а кои во неделата утрото се проширија кон градовите во крајбрежјето.
Предупредувањето за евакуација е емитувано во 40 града поради силниот ветер и топлината што ги туркаат пожарите кон руралните области.

Се очекува ветриштата во неделата да ја сменат насоката и да зајакнат, со што ќе запалат пожари во поголемите градови кои се наоѓаат 250 километри западно од Мелбурн.

Триста пожарникари се борат со огнената стихија, но неколку од нив се повредени. Засега нема извештаи за жртвите. Неколку домови се уништени во градот Татри во Нов Јужен Велс.

Строга забрана за палење на пожари се издаваат ширум Југоисточна Австралија, бидејќи температурите на воздухот достигнуваат рекордни нивоа за есен. Во Сиднеј се очекува температура од 40 степени целзиусови, додека се предвидува дека брзината на ветровите во внатрешноста ќе се зголеми на 90 километри на час.

Во меѓувреме во Дарвин, град на северот од Австралија, се расчистуваат и отстрануваат штетите настанати откако циклонот „Маркус“ го уништил подрачјето корнејќи дрва и оставајќи илјадници граѓани без електрична енергија.

Ветровите достигнувале брзина од 130 км на час, а според метеоролошката служба, тоа беше најсилниот циклон кој го погодил Дарвин во изминатите неколку децении.

Се предвидува дека уште еден циклон би можел да го погоди Дарвин за пет до шест дена.