среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 2

Се формира оперативен штаб на АРМ во Стајковци

Воената полиција е на терен и се регулира сообраќајот кај влезот во Стајковци се со цел на градежната механизација да и се овозможи полесен влез и излез од поплавените подрачја.

arm-pomos7-640x480

Последни вести

Армијата на Република Македонија во Стајковци формираше оперативен штаб во Стајковци од каде се координираат сите работи на Армијата заедно со останатите субјекти кои се вклучени со расчистување на последиците од силното невреме кое се случи во саботата, информира за Курир потполковник Тони Јаневски, портпарол на ГШ на АРМ.

Војската оттука се координира со полицијата и за регулирање на сообраќајот. Воената полиција е на терен и се регулира сообраќајот кај влезот во Стајковци се со цел на градежната механизација да и се овозможи полесен влез и излез од поплавените подрачја.

Јаневски информира дека во Смилковци војската му помага на населението, се расчистуваат дворовите и подрумите, а се дели и вода и храна.

Во Стајковци се чисти калта, војниците работат со водните пумпи онаму каде е потребно и се доставуваат оброци и вода за населението.

Јавните претпријатија и голем број доброволци се на терен, сите институции меѓусебно се координираат и работат на терен.

Најчитани вести