четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Се фрлил пред македонски камион, две деца загинале во сообраќајката

Tри лица, од кои две деца на возраст од 8 и од 5 години, загинаа ноќва во тешка сообраќајна несреќа што се случи во 1.30 часот на автопатот Суботица – Нови Сад во близина на Нови Сад, Србија. Тешко повредени се и две лица, од кои едното е во животна опасност

камион

Поврзани вести

До тешката несреќа дошло откако сè уште неидентификуван маж се фрлил пред камион со македонски регистaрски таблички. Во обид да го избегне телото на автопатот, „мерцедес“ со австриски регистaрски таблички, удрил во оградата, а потоа со задниот дел автомобилот влетал под застанатиот камион.

Од тешкиот удар загинале двете деца што се возеле во автомобилот. Возачот и совозачот со тешки повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Војводина, каде што еден од нив е во животна опасност.

Српската полиција врши увид на местото на несреќата.

Најчитани вести