Македонија

Се гасифицираа средните училишта „Зеф Љуш Марку“ и „Арсени Јовков“

Се гасифицираа средните училишта  „Зеф Љуш Марку“ и „Арсени Јовков“
Се гасифицираше СУГС „Арсени Јовков“

Продолжува гасификацијата на средните училишта во Скопје. Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на СУГС „Арсени Јовков“ Јованка Аспровска, денеска го пуштија во употреба новиот котел на гас во СУГС „Арсени Јовков“.

– Денеска на почетокот на грејната сезона ги пуштаме во употреба котелите на гас во СУГС„Арсени Јовков“, каде што учаат околу 2. 000 ученици, дел од проектот за гасификација на две училишта, кој изнесува 15 милиони денари, а го опфаќа и СУГС „Зеф Љуш Марку“. Според пресметките, се  очекува  да се заштеди околу 50 отсто од финансиските средства кои се трошеле за греење и повраток на инвестицијата за околу  4  години. Досега гасификација е спроведена во две средни училишта, односно во СУГС „Здравко Цветковски“ и во СУГС „Георги Димитров“, а во тек е изработката на проекти за газификација на уште седум средни училишта. Изработката на проекти ќе заврши до средината на следниот месец, кога ќе распише тендер за гасификација на СУГС „ Д-р Панче Караѓозов“, а потоа и на: СУГС „ Марија Кири –Склодовска“,„ Владо Тасевски“, „Панче Арсовски“ и на другите средни училишта коишто локациски се поблизу до постојната транспортна мрежа со гас. Градот Скопје и во иднина ќе продолжи  да вложува во гасифиција на средните училишта на Град Скопје, истакна градоначалникот Трајановски.

500987unnamed

Трајановски, денеска со директорот на средното училиште „Зеф Љуш Марку“, Фарук Зекири, го пушти во употреба и новото греење на гас во ова училиште, каде што наставата ја следат околу 2. 200 ученици.

Со реализација на овој проект Градот Скопје придонесува за подобрување на еколошката состојба на градот, затоа што ќе се замени користењето на течното гориво (масло за домаќинства, мазут) со природен гас, со целосно елиминирање на емисија на сулфур двооксид и саѓи, големо смалување на азотните оксиди и значително намалување на емисијата на јаглеродиоксид.