Се големува бројот на бегалци во Грција

Грчкиот весник „Нафтемборики“ објави дека властите во земјата се вознемирени од бранот мигранти кои од турскиот брег се упатуваат кон островите во северниот дел на Егејско Море.

На островот Хиос вчера пристигнаа околу сто луѓе, а дневно на островот Лезбос пристигнаа од 50 до 100 лица, посебно по неуспешниот обид за пуч во Турција.

Во меѓувреме, грчката крајбрежна стража пресретна чамец со околу 40 мигранти и бегалци во близина на Лезбос, а други 26 мигранти и бегалци со гумен чамец пристигнале на Хиос. На Хиос пристигнале и други 48 бегалци.

Засега нема бегалци кои се упатени кон островот Самос.