Македонија

Се градат десетици регионални и повеќе нови експресни патишта

Се градат десетици регионални и повеќе нови експресни патишта

Покрај регионалните, во следниот период ќе почне изградбата на експресните патишта кои беа ветени.

Сите тендери се распишани.  За таа намена се започна со подготвителни активности на патот Прилеп- Градско, инвестиција вредна 30 милиони евра. Но, ќе се гради и комплетно нов експресен пат со 4 ленти, на место каде што претходно имало само ниви.  Штип-Кочани, за каде градежните активности се планирани на почетокот на октомври кога се планира и почеток и изградба на експресниот пат Радовиш-Штип.

Комплетно нов експресен пат ќе се гради и на потегот Ранковце-Крива Паланка, а ќе се гради и патот Крива Паланка-Бугарија за што е во тек проектирање и ќе преставува ново патно поврзување со Република Бугарија.

Истовремено вчера беше објавена и темелна реконструкција на патот од Гостивар до Кичево, како преодно решение до изградбата на нов автопат за што ќе биде и објавен повик за јавно приватно партнерство.

Во однос на автопатската делници се работи и на автопатот Демир Капија- Смоквица, а се распиша тендер за автопатот Неготино- Демир Капија, истовремено се работи и на реконструкција на автопатот Скопје Куманово.

Од регионалните патишта, во моментот се врши реконструкција на патишта во вкупна должина од над 200 километри. Па така се работи па патиштата:

  • Битола- Ресен- Буково, каде што дополнително се вршеше дополнително допроектирање
  • Патот Кочани- Македонска Каменица- Делчево кој треба да биде готов за 18 месеци
  • Патот Мокрино- Смолари, кој 60% е завршен, а ќе биде пуштен во употреба за неколку месеци
  • Патот Николиќ- Дојран, за месец ипол ќе биде завршен
  • Патот за Маврово се гради, од Бунец до браната е завршен, а од понеделник почнува втората фаза
  • Се работи и на патот Бошков Мост- Дебар
  • Се работи и на патот Мелнички Мост- Центар Жупа, кој беше ветен на граѓаните. Целосно обновен е и патот за село Новак
  • Се работи и на патот Ропотово- Црнилиште- еден милион евра инвестиција
  • Патот Кривогаштани- Воѓани се асфалтира
  • Патот Брвеница- Чегране е скоро готов, 16 километри се асфалтирани
  • Активно се гради и патот Делчево- Голак