Македонија

Се градат две нови училници од ОУ „Браќа Миладиновци” во Илинден

Се градат две нови училници од ОУ „Браќа Миладиновци” во Илинден

Во oсновно училиште „Браќа Миладиновци” во Општина Илинден во тек е изградба на 2 нови училници и помошни простории, со вкупна површина од 200 метри квадратни. Во новите простории ќе учат најмладите од ова училиште- првачињата.

Општина Илинден продолжува со континуираните инвестиции во образованието, со цел на учениците да им се обезбедат квалитетни услови за покажување на нивните способности и постигнување на високи резултати во образовниот процес.
Во ОУ „Браќа Миладиновци“ уште пред неколку години беше инсталиран систем за греење и ладење со топлински пумпи, со користење на обновливи алтернативни извори на енергија, со што Општина Илинден беше една од првите општини во Република Македонија што почна да ја применува енергетската ефикасност.

Истовремено старите и дотраени прозорци и врати во ова училиште беа заменети со нови, со топлотна изолација, беа изградени нови тоалети и комплетно реновирани сите простории, при што беше изграден и нов кабинет за наставниците.