Се градат нови детски игралишта во Бутел

Локалната власт во општината Бутел продолжува со изградба на уште четири нови детски забавни игралишта во различни населени места во општината.Претходно беа изградени пет детски забавни игралишта.

Надлежните од општината соопштија дека целосно готови се забавните игралишта во Жегроец – Радишани, во Бутел 1 во близина на ОУ Св. Климент Охридски” и близина на колеџот Јахја Кемал”, како и во Бутел 2 позади старото кино.

Игралиштата се со големина од 13х10 метри со вградени рабници, исполнети со сепариран песок, ризла. Од реквизити има по две лулашки, една клацкалка, мост и по еден просторен елемент – тобоган. Околу забавните игралишта монтирани се од две до четири клупи за седење и канти за ѓубре. Средствата за завршените четири детски игралишта изнесуваат 1.450.000 денари и се обезбедени од буџетот на општина Бутел. Изведувач на работите е Голдирен” од Скопје.