Се гради автопат од Бар до границата со Србија

Градежната изведба на првиот автопат во Црна Гора, од Бар до границата со Србија официјално почна вчера, иако се’ уште се чека на вистинската работа.

Почетокот на изградбата, всушност повеќе се однесува на монтажа на згради во кои ќе бидат сместени работниците на кинеската компанија CRBC, која ќе ја гради првата делница од автопатот, од Подгорица до Матешево, во правец на Колашин, долга 49 километри.