Македонија

Се гради црква во Мичурин

Се гради црква во Мичурин

По 65 години населбата Мичурин во општина Аеродром за прв пат ќе добие црква.

Осветувањето и поставувањето на камен – темелникот на новиот храм „Св. Јован Златоуст, Св. Василиј Велики и Св. Григориј Богослов“ беше извршено денеска на празникот Воведение на Пресвета Богородица.

Чинот на осветување го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, а присуствуваа и градоначлниците на Град Скопје Коце Трајановски и општина Аеродром Ивица Коневски.

aerodro-1-500

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан истакна дека општина Аеродором е населба со најмногу цркви и дека очекува и другите општини да го следат истиот пример.

Идејата за изградба на овој свет храм дошла од  жителите на  Мичурин, кои секоја година здружено го прославуваат празникот Василица, но немале свој храм.

aerodrom-2-500

Ѓорѓи Гештаровски претседател на здружението на мичурински средби истакна дека овој свет храм го чекале 65 години и изрази благодарност до МПЦ и локалнта власт што ја овозможиле изградбата.

Градежните активности ќе ги изведува фирмата „Жикол“.