Се гради логистички центар за унгарски производи во Илинден – нови 80 работни места

Во локалната економска зона „Стопански комплекс Илинден“, во Општина Илинден, поставен е камен-темелник на нова инвестиција на компанијата „Еко Клуб“, која почна да го гради првиот логистички центар за унгарски производи во Македонија. Камен темелникот, пред поголем број граѓани и стопанственици го поставија градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, амбасадорот на Унгарија во нашата земја, Јозеф Бенце и сопственикот на компанијата „Еко Клуб“, Сашо Јанакиевски.

Вкупната инвестиција во првиот логистички центар за унгарски производи во Македонија, според инвеститорот, ќе изнесува изнесува 1,5 милиони евра и ќе овозможи отварање на нови 80 слободни работни места.

За време на обраќањето пред присутните градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски не го криеше своето задоволство што со поставувањето на камен темелникот на компанијата „Еко Клуб“ со несмалено темпо продолжува инвестицискиот циклус во Општина Илинден, при што во деветте локални економски зони секојдневно никнуваат нови погони, кои што овозможуваат отворање на нови работни места.

-Посебно сум среќен што нашата бизнис заедница од денес е побогата за уште еден член, со уште еден фундамент за одржлив економски развој, поради што сакам да ја искористам можноста на новиот инвеститор „Еко Клуб“ да му посакам искрено добредојде во Општина Илинден, истакна Стојановски.

Притоа, тој додаде дека многубројни се поволностите што Општина Илинден им ги нуди на инвеститорите, што е дел од стратегијата на Општината за привлекување на што поголем број компании што би инвестирале, со единствена цел отворање на нови работни места и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Општина Илинден и во регионот.

-Општина Илинден и натаму останува максимално посветена на предизвикот кон инвестициите, на поддршката на инвеститорите и намалувањето на стапката на невработеност која во моментот во Општината е под 10 %, додаде Стојановски.

 

Обраќајки им се на присутните, амбасадорот на Унгарија во нашата земја, Јозеф Бенце се осврна на успешната трговска соработка меѓу Македонија и Унгарија.

-Пред 2 години за прв пат тука отворивме претставништво на Унгарската трговска комора за Западен Балканот, што придонесе за нагло зголемување на обемот на размена меѓу нашите земји. Благодарејќи на ова и на успешно реализираните бизнис форуми во повеќе градови во Македонија, во 2014 година постигнавме најголем обем на размена дотогаш. Оваа размена во 2015 година ја зголемивме за уште 36 насто, а годинава за нови седум проценти, истакна Бенце.

Kamen temelnik Eko Klub (2)

Сопственикот на компанијата „Еко Клуб“ истакна дека ќе биде изграден деловен простор на површина од 8.700 метри кој ќе овозможи привремено складирање на унгарските производи, кои што ќе транзитираат низ Македонија во околните земји. Како што рече тој, ова ќе биде место за нивна промоција и презентација

 

Според најавите на инвеститорот првиот логистичкиот центар за унгарски производи во Македонија се очекува да почне со работа во втората половина на 2017 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.