Македонија

Се гради нов потпорен ѕид на градинката „Панорама“

Се гради нов потпорен ѕид на градинката „Панорама“

Во тек е изградба на паднатиот потпорен ѕид на градинката „Панорама“ – клон Кочо Рацин. Ѕидот ќе биде висок три метри, долг приближно 40 метри и е изработен од армиран бетон. Изградбата ќе заврши во текот на наредниот месец.

Ѕидот позади градинката се урна во текот на летото, паѓајки врз детските реквизити поставени во дворот на градинката, но за среќа без жртви, бидејќи тоа се случи во раните утрински часови, кога немаше деца во дворот.