Се гради нова детска градинка во Карпош

Почна да се гради нова детска градинка во општина Карпош во населбата Козле. Новата градинка ќе згрижува околу 60 дечиња, а на отпочнувањето на градежните работи денес присуствуваа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Како Министерство за труд и социјална политика интензивно сме посветени на зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст. Пред се отворањето на нови работни места ја наметна потребата за поголем број на градинки. Излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните и во руралните населени места, меѓутоа, пред се свесни сме за потребата од поголем број градинки во општините во градот Скопје. Оттука би сакал да истакнам дека изминатите години досега отворени се вкупно 13 нови детски градинки на територијата на Скопје, со што се отворени нови 1.600 места за дечиња од предучилишна возраст, рече Спасов.

spasov-stevce-4

Како што рече, градежните активности за изградба на новата детска градинка во Козле се во тек, а се очекува да завршат до крајот на летниот период, и наесен да биде отворена нова детска градинка која ќе згрижува околу 60 дечиња.

Вкупната инвестиција на Министерството за труд и социјална политика е околу 2,5 милиони денари, додека пак општина Карпош го обезбеди објектот кој што во моментот се реконструира и исто така партерно ќе го уреди истиот. Учествуваме и во целосно реновирање на градинката во Козле „Пролет“ која што беше доста стар објект, а очекуваме набрзо да биде одобрен и кредитот од страна на Министерството за финансии преку Светската Банка да се финансира дел од изградбата на новата градинка во населеното место Бардовци. Тоа покажува дека со општина Карпош имаме интензивна соработка во насока на подобрување на условите и отворање на нови места за згрижување на деца од предучилишна возрст, а исто така во градот Скопје во завршна фаза се градинките во Ѓорче Петров во населеното место Дексион, во Бутел во Радишани се градат две градинки во општина Аеродром, пред краток период беше отворена новата градинка во Кисела Вода, планираме во 2017-тата да инвестираме и во нови градинки во населеното место Волково и исто така и во Драчево, со тоа што имаме голем број на активности, на инвестиции со особен фокус на општините во градот Скопје со цел да излеземе во пресрет на граѓаните, бидејќи вложуваме во иднината на нашите деца, рече Спасов.

spasov-stevce-3

Градоначалникот на општината Јакимовски, потенцира дека во градинката „Пролет“ во Козле која што има два клона во континуитет чекаат од 70 до 90 деца упис во градинките, а со отворање на овој трет клон практично ние ќе се згрижат сите деца од територијата на Козле или двете месни заедници.

Општината Карпош овде ќе направи хортикултурно уредување, покрај овој објект што го обезбедува, како и сите потребни други работи кои што ќе се договориме со Министерството за труд и социјална политика. Во исто  време општина Карпош ќе гради комплетно нов објект во градинката „Мајски  цвет“ во Тафталиџе 2, како и во градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1 и реконструкција на градинката „Орце Николов“ во Карпош 4. Со ова практично ќе бидат рекоснтруирани сите градинки на територијата на општина Карпош и со изградбата на градинката во Бардовци што ја планираме заедно со Министерството за труд и социјална политика, практично сите месни заедници на општина Карпош ќе имаат сопствени градинки, рече Јакимовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.