Се гради нова улица во Мичурин

Почна  изградба на нова улица во населбата Мичурин. Станува збор за проект, кој опфаќа изградба на новата улица „Анастас Митрев 3“ што ќе ги поврзува улиците „Венијамин Мачуковски“ и „Петар Ацев“, со целосно нова комунална инфраструктура.

Вкупната должина на новата улица ќе биде околу 200 метри, а широчината 6 метри, согласно Деталниот урбанистички план.

Покрај новата улица ќе се изградат и тротоари со широчина од по 1,5 метар од двете страни на улицата, како и нови линии за јавно осветлување. За овој проект Општина Аеродром ќе издвои над 5 милиони денари од својот Буџет.

Со изградбата на новата улица во оваа населба, Општина Аеродром продолжува со предвидената динамика да ја подобрува состојбата на постојните улици, како и изградба на нови улици на нејзина територија.

Micurin Anastas Mitrev 8.4 (40) Micurin Anastas Mitrev 8.4 (59)