Се гради трибина на фудбалско игралиште во Драчево

Започнаа градежните активности за изградба на трибини на фудбалското игралиште „ССК“ во населбата Драчево, информираат од општина Кисела Вода.

Трибините ќе бидат челични, подигнати од нивото во висина од еден метар. Трибинскиот простор ќе има должина од 30 метри, со две нивоа, односно со два реда на седишта. По целиот негов периметар ќе се изгради заштитна ограда, а од двете страни предвидени се и пристапни скали.

Инвестицијата на Општина Кисела Вода ќе обезбеди покомфорно следење на фудбалските натпревари за љубителите на спортот. Таа, согласно договорот, треба да се реализира за еден месец.