среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 14

Се гради ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на Вардар

Во текот на наредните денови патеката ќе се асфалтира и ќе се обележи хоризонталната сигнализација.

Се гради ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на Вардар

Се гради ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на Вардар

Последни вести

Екипи на Градот Скопје деновиве работат на изградба на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на реката Вардар, на потегот од мостот „8 Септември“ до вливот на реката Лепенец во Вардар.

Ролерско-велосипедската патека на оваа делница ќе биде долга 2.000 метри, а широка 4 метри. На терен, на трасата на патеката е извршен ископ, нанесен е тампонски слој и се поставуваат рабници. Во текот на наредните денови патеката ќе се асфалтира и ќе се обележи хоризонталната сигнализација.

На изградба на оваа ролерско-велосипедска патека работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

На новата патека ќе бидат поставени 91 столб за осветлување со  висина од  по 7 седум метри.

Со продолжувањето на ролерско-велосипедската патека на левата страна на кејот на Вардар, Градот Скопје ќе овозможи вљубениците во велосипедизмот и ролерџиите да рекреираат на кејот и во овој дел од градот, а просторот ќе се уреди и ќе добие нов лик.

 

Најчитани вести