понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 34

Се инсталираат машините за перење и сушење во студентските домови

Набавивме 50 професионални машини за перење и 50 професионални машини за сушење. Во моментов во студентските домови привршуваат интервенциите во делот на водоводната и електричната мрежа неопходни за инсталирање на машините, истакна заменик министерот Спиро Ристовски.

unnamed

Последни вести

Во рамки на инвестициски план на Министерството за образование и наука, кој предвидува низа мерки за унапредување на студентскиот стандард, се реализира проектот за набавка на машини за перење и сушење за сите државни студентски домови.
Инвестицијата е во вредност од 11 милиони денари, информираше минатата недела заменик министерот Спиро Ристовски.
-Набавивме 50 професионални машини за перење и 50 професионални машини за сушење. Во моментов во студентските домови привршуваат интервенциите во делот на водоводната и електричната мрежа неопходни за инсталирање на машините, истакна Ристовски, додавајќи дека очекуваниот период  за реализација е до крајот на првиот квартал на 2017 година.
unnamed (1)
Со оваа инвестиција како и со останатите активности, меѓу кои започнатата набавка на новиот мебел за сите студентски домови и промената на сите постоечки лифтови пред неколк месеци, значително се унапредуваат условите за престој, истакнуваат студентите.
unnamed (3)
-Добро е што интензивно се вложува во домовите и условите значително се подобруваат. Знам дека се набавуваат перални и сушални и можам да кажам дека за нас студентите тоа е од големо значење. Повеќе нема да носиме торби со алишта за перење, за што, некогаш и специјално се враќаме во нашите родни места. Тоа ќе ни заштеди време, за дополнително учење или каква било друга активност, истакнува еден од станарите во студентскиот дом Пелагонија.

Најчитани вести