Се интензивира соработката во областа на заштита на животната средина помеѓу Македонија и Словенија

Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, оствари работна средба со амбасадорот на Р. Словенија во Р. Македонија, Бранко Раковец.

На средбата се разговараше за тековните и идни проекти од областа на заштита на животната средина. Изаири и Раковец изразија задоволство од досегашната плодна соработка меѓу Македонија и Словенија на полето на животната средина со уверување дека ќе продолжат иницијативите за унапредување на истата.