Се интензивираат подготовките за Турски тек: ЕК и „Газпром” близу до договор ?

Грција со големо внимание го следи развојот на настаните околу гасоводот Турски тек, кој што ќе ја поврзува Русија со Турција, а целата работа се одвива многу побрзо од што од она што можеше да се замисли пред неколку месеци, информираат високи грчки дипломатски извори.
Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, истите извори за грчката ТВ Скај велат дека конструкцијата на проектот ќе започне оваа година, а планот на „Газпром” е таа да заврши до крајот на 2019 та.

Тие информираат и дека имплементацијата на Турски тек сега се одвива со многу позабрзано темпо од она во периодот пред соборувањето на рускиот воен авион од страна на Турција, што резултираше со неколку месечна суспензија на проектот.

За време на неодамнешната посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Атина, тој истакна дека екстензија на гасоводот во Грција ќе биде можна само ако постојат уверувања од ЕУ за комплетирање на проектот, а според некои информации, Европската Комисија и „Газпром” се близу до постигнување договор.