сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 22

Се исполнува уште едно ветување на Груевски: Се гради патот Криволак- Неготино

Градежната оператива е на терен и се финализира изградбата на патот Неготино- Криволак, со што од локален ќе прерасне во регионален патен правец.

regionalen-pat-krivolak3g

Поврзани вести

Градежната оператива е на терен и се финализира изградбата на патот Неготино- Криволак, со што од локален ќе прерасне во регионален патен правец.

Со изградбата на овој патен правец ќе се реши уште едно барање на граѓаните на Криволак, кои наместо поранешниот патен правец со широчина од 3 метри, ќе добијат комплетно обновен и проширен патен правец со широчина од 5.5 метри.

regionalen-pat-krivolak2g

Изградбата на овој патен правец беше на барање на граѓаните, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вети дека ќе се заврши при ноемвриската посета на Криволак.

Финансиските средства за комплетна реконструкција на патот Неготино-Криволак во висина од 20 милиони денари се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, со кое општина Неготино има повеќе од успешна и плодна соработка, што пак резултира со реализација на повеќе инфраструктурни проекти во општината.

regionalen-pat-krivolak-neg

Патот во моментов е во фаза на асфалтирање и треба да се довршат градежни работи околу потпорните ѕидови. Истиот би бил готов најдоцна до крајот на овој месец.

Граѓаните се задоволни од изградбата на патот кој во минатото бил црна точка каде се случувале многу сообраќајни несреќи.

-Тоа е многу убаво за сите, не само за нас жителите. Претходно беше се со дупки, не можевме да се разминеме со кола.

-Патот беше лош, сега е убаво, немам збор за тоа.

-Многу е убаво, модерно. Можат луѓето да возат и да не ги кршат возилата. За мене е убаво што сум стара, а камоли за младите. Се движиме по тој пат, често одиме во Неготино, велат дел од граѓаните.

Најчитани вести