петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 28

Се исполнуваат ветувањата од посетата на Груевски во Ѓорче Петров

груевски

Последни вести

По теренската посета на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Ѓорче Петров, во општината се превземаат низа активности кои биле побарани од граѓаните.

Градба на училишта, проширување на булеварот Партизанска, оформување на парцели за проектот купи куќа за млади, асфалтирање на улици се дел од активностите.

При минатогодишната посета на Груевски на општината Ѓорче Петров беше ветено почеток на изградба на подрачни простории на училиштето „Димитар Поп Горгиев Беровски“ што и беше барање на жителите на населбата Хром.

Неколку месеци подоцна активно се гради училиштето и треба да биде готово и да започне со работа на почетокот на наредната школска година од септември оваа година.

Со неговата изградба населбата Хром ќе добие училиште за децата од основно образование и ќе се надмине еден значаен проблем. Зградата интензивно се гради.

Освен тоа, при минатогодишната посета на Груевски и тимот беше ветено дека ќе се прави и надградба на училиштето „Тихомир Милошоски“ во Волково која требаше да започне оваа година.

При посетата минатата недела Груевски информираше дека како што беше ветено  училиштето е влезено во програмата за градба, проектот е готов и ќе се започне со градба до крајот на годината.

Освен тоа активно се работи и на продолжување на булеварот „Партизански одреди“ се до кружниот тек кај црквата во општината Ѓорче Петров. На терен се расчистува и е забележителна механизацијата.

Ова преставува ново булеварско решение што и беше барање на граѓаните.

 

Исто така се реализира и проектот за изградба на 15 улици во вредност од 1 милион и 300 илјади евра, средства доделени од Владата во соработка со Светска банка. Седум од нив се готови, а ќе се асфалтираат уште 8 помеѓу улиците „Австралиска“ и „Антон Чехов“, што и беше барање на самите жители.

Општината Ѓорче Петров работи и на реализација на проектот на Владата „Купи куќа за млади“ и иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски за обезбедување на локации за градба. Во таа насока градоначалникот Сокол Митровски изјави дека до следната година ќе се обезбедат 600 нови локации.

Најчитани вести