Се издава опрема за два шанка на плажата „Карач“ во Стар Дојран

Општина Дојран по пат на јавна објава огласи издавање под закуп на урбана опрема за уредување на летни шанкови на плажата „Карач“ во Стар Дојран.

Со опремата која ќе се издава на електронска аукција ќе се опремат два шанка на плажата „Карач“ за времетраење од пет години по почетна цена на месечната закупнина од 12.300 денари.

Право за учество на електронското јавно наддавање имаат сите домашни и странски физички и правни лица кои ќе уплатат депозит во висина од 5 отсто од месечната закупнина.

Пријавите за учество на јавното наддавање се поднесуваат до 30 март на адреса на локалната самоуправа во Дојран, а електронското наддавање ќе се одржи на 3 април со почеток во 11 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.