Се изготвува проектна документација за изградба на експресен пат од Куманово до Бугарија

На денешната седница на Собранието на Република Македонија посветена на пратенички прашања, пратеничката Слаѓана Митовска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ постави пратеничко прашање до министерот за трансторт и врски Миле Јанакиески и се однесуваше на патниот правец од Куманово до границата со Бугарија односно до Ранковце.

Министерот потенцираше дека се работи за експресен пат кои што подоцна може да биде и автопат во зависност од потребите. Должината на оваа делница е 22 километри додека ширината е проектирана на 12,5 метри. Самата инвестиција е проценета на 66 милиони евра и дека во фаза е изготвување на проектна документација и се очекува целокупниот проек да биде одобрен од Светската банка и во првата половина од 2016 година да започнат градежните активности.