Се излеа Крушевичка Река кај Росоман

Се излеа Крушевичка Река кај Росоман, загрозен е дел од асфалтот на регионалниот пат Градско Прилеп.

-Поголеми штети засега нема. Во текот на денот пристапивме кон чистење на наносите и превентивно чистење на околината за да не дојде до поголеми последици. Утврдени се критичните точки во општината и се превземаат активности за спречување на штети од поплавите. На помош на општината се приклучи и фирмата „Машинокоп” со својата механизација, соопшти градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов.

Тој нагласи дека будно се следи состојбата на терен се со цел навреме да се реагира доколку биде потребно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.