Се излеа Пчиња, а прелеваат и оризовите полиња во Кочани

Се излеа реката Пчиња кај кумановско Пелинце. Дирекцијата за заштита и спасување на тој потег однесе 1.000 вреќи со песок. Исто толку веќе се распоредени и по течението на реката Кумановка, за која постои опасност од излевање кај местото Средорек.

И на територијата на општина Кочани веќе има прелевања по оризовите полиња.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека ги следат состојбите со водотеците и дека се подготвени да интервенираат и помогнат.

Временската прогноза вели дека од утре ќе настапи затоплување на времето, стабилизирање на временските прилики, престанување на врнежите од дожд и снег и повисоки температури. Тоа уште повеќе ја зголемува опасноста од зголемување на нивото на водата по реките, затоа што од утре ќе настапи и забрзано топење на новите снежни наноси, особено по планините во западниот дел од земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.