Се излеа реката Темза во Лондон

Реката Темза се излеа и поплави неколку градови, по што на неколку места го надмина рекордот во водостојот.

Утрово се издадени уште 14 предупредувања за поплави долж водостојот на реката во областа Беркшир, јавуваат тамошните медиуми.

Агенцијата за заштита на животната средина издаде 14 предупредувања поради големите поплави долж Темза, што значи дека „опасни за живот“ се неколку области долж речното крајбрежје. Во поплавените краишта покрај Темза населението и војската со насипи од вреќи со песок се обидуваат да го ограничат прелевањето.

По поплавите следеа низа критики упатени до премиерот Дејвид Камерон дека не презел доволно мерки за спречување на поплавите.