Се излејаа реките Брегалница и Лакавица

Исплатени 52 милиони денари отштета за поплавените, идната недела уште 8 милиони

Повторно се излеа реката Брегалница и поплави над стотина хектари ораници, а реката Лакавица остави без егзистенција повеќе семејства од неколку села што гравитираат до нејзиното корито.

Како што објави Канал 5, Лакавица повторно отсече три села од светот, поплавувајќи ги селските земјени патишта до нив. Најлошо е велат лакавичани што претходните води не се повлечени поради презаситеноста на  земјата од последните обилни поплави.

Годинава ќе нема жито, ќе нема леб, ниту зеленчук. Водата се однесе со себе. Пролетна сеидба ќе нема, прогнозираат земјоделците.

Штипските општински власти реагираат експресно. Првиот чекор е од превентивна здравствена природа. Заштита од наездата на глодари.

Во меѓувреме, оваа слика нема да се измени уште долго време тврдат погоденото месно население од лакавичкиот регион каде егзистираат околу 2000 жители во 20 – тина села.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.