Се изрекува пресудата во Хаг: Србија не е виновна за дела од 1991 година

Пред Меѓународнот суд на правда во Хаг, почна читањето нa пресудата во случајот на тужба и противтужба на Хрватска и Србија, а претседателот на судот, Петр Томка, на почетокот кажал дека Србија не може да биде одговорна за дела кои се сторени пред 27 арил 1992 година, кога СРЈ стана членка на ОН и потписничка на Конвенцијата за спречување на геноцид.

Тоа значи дека најмалку една од хрватските тужби ќе биде одбиена, бидејќи во тужбата се наведува дека Србија е одговорна за злосторства во Вуковар извршени во 1991 година.

Истовремено, судот оценил дека српската противтужба е основана, бидејќи Србија станала потписник на Конвенцијата на 8 октомври 1991 година. Тоа значи дека делата се извршени во 1995 година, односно во текот на акцијата  „Олуја“.

Судот утврдил дека ЈНА и српските сили сториле дела против заштитени групи.

Српскиот правен тим очекува Меѓународнот суд на правда во Хаг, да ја одбие хрватската тужба против Србија, како и да утврди дека вооружените сили на Хрватска во текот и по акцијата „Олуја“, сториле масовни злосторства над српскиот народ, додека правните експерти се уверени дека двете тужби ќе бидат одбиени.

Се очекува дека судот најпрво ќе ја изрече одлуката во однос на тужбата на Хрватска против Србија од 2009 година.

Пресудата на судот ќе биде конечна бидејќи не постои право на жалба, а државите ќе бидат задолжени да постапуваат по неа.

hag