Се јавил во полиција за да пријави дека во дворот му паѓа снег

Портпаролот на полицијата во Норвешка изјави дека во последните денови добиваат урнебесни повици, а голем број од граѓаните се жалат поради работи кои не се во нивна надлежност.

Имено, на својот Твитер профил од полицијата напишале дека жителите на гратчето Адгер се жалат поради тоа што во дворот им врне снег, дека задоцниле на работа или, пак, дека не си го нашле весникот на кој се претплатени.

Во последниве денови местото е под постојани вржени од снег, а се очекува врнежите да продолжат и во следните денови.

Од полицијата велат дека се надеваат дека граѓаните ќе размислуваат пред да се јават за да пријават каков било проблем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.