Се јавила во полиција за да нарача пица, потоа следел пресврт

Американските оператори на повикувачкиот центар 911 често се соочуваат со чудни повици  кои немаат никава врска со итните полициски интервенции.

Операторот бил дежурен на линијата 911 кога добил повик од непозната жена која сакал да нарача пица, но за кратко време се утврдило дека причината поради која жената се јавила на оваа линија нема врска со нарачката туку индиректно барала помош.

Разговорот како што тврди операторот започнал многу несериозно, но тоа што следело се утврдило дека станува збор за сериозна работа.

Вака накратко течел разговорот:

– Ја добивте линијата 911, каде се наоѓате.
– Улица 123.
– Добро, што се случува таму?
– Сакам да нарачам пица.
– Госпоѓо, ја добивте линијата 911.
– Да. Знам. Може ли да добијам голема пица, половина со феферони, половина со печурки.
– Хм. Жал ми е знаете ли дека се јавивте на 911.
– Да знам. Знаете ли колку долго време ќе ви треба да дојдете.
– Ок госпоѓо. Дали кај вас е се во ред? Дали сте во опасност?
– Да , сум .
– И не  можете да зборувате бидејќи има некој покрај вас.
– Да точно. Знаете ли колку време ќе ви треба да дојдете?
– Еден полицаец е недалеку од вашата локација. Има ли оружје во куќата каде што се наоѓате?
– Не.
– Можете ли да останете на линија?
– Не можам. Ќе се видиме наскоро,ви благодарам.

Операторот за среќа на време сфатил дека жената е во опасност. Штом ја прекинал врската ја проверил таа адреса и видел дека и порано имало повици и сфатил дека станува збор за злоставување.

Полицаецот дошол на дадената адерса и ја затекнал двојката. Мажот бил видно пијан, а жената претепана.

– Таа му објаснила на полицаецот дека нејзиното момче веќе извесно време ја тепа. Си помислив колку добро се снајде да повика помош во ситуацијата. Овој повик нема никогаш да го заборавам – изјавил операторот за  „Индипендент“.