„Се каам што ја убив жена ми, заслужувам смртна казна“

Дваесет и деветгодишниот Стеван Којиќ од Јагодина поради љубомора до смрт ја претепал својата сопруга, дваесет и шестгодишната Жаклина.

Бесниот маж со нозете и рацете ја претепал својата сопруга пред нивните две деца, додека не сфатил дека е мртва. Ужасното злосторство се случило во четвртокот.

Тој веднаш бил уапсен и полицијата му одреди 30 дневен притвор.

-Тој се кае, кажа дека заслужува смртна казна и е загрижен за децата, рекол неговиот адвокат.