Трагедија се случила вчера во Македонски брод.
Зоре А.(58) од Македонски Брод, вчера околу 15.30 часот се качил на далековод, допрел жица, при што паднал на земја и од здобиените повреди починал на местото на настанот.
Смртта е констатирана од екипа на итната медицинска помош.