Се копа канал кој ќе го спаси селото Новаци од поплавување

Како резултат на пробивањето на насипот на река Црна, поплавена е голема земјоделска површина. За таа цел, на  регионалниот пат помеѓу Битола –Новаци во близина на термоелектраната РЕК Битола се врши прекопување, се прави канал низ кој ќе помине водата и со тоа се очекува нивото на водата во поплавените подрачја да се намали за 1 метар.

Ова се прави со цел да не дојде до поплавување на селото Новаци и на овој начин водата ќе се испушти низводно по течението на Црна река.

Граѓаните на село Новаци и вработените од РЕК Битола ќе се движат по заобиколени патишта до Битола.