Се крши карпата надвисната над селото Шипковица

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека тим на Армијата на Република Македонија почнал со кршење на карпата која е надвисната над тетовското село Шипковица, каде во саботата повторно имаше невреме.  

Поплавата предизвика свлечиште и однесен е дел од локалниот пат од селото Шипковица кон селото Бродец. СВР Тетово континуирано презема мерки и активности за регулирање на сообраќајот на локалниот пат кој се одвива отежнато. Исто така работната механизација е ангажирана за целосно расчистување на патниот правец и ставање во првобитна состојба.