Се менува трасата на „Јужен тек“

Душан Бајатовиќ, директорот на „Србијагас“, денеска изјави дека до крајот на годината во земјата ќе бидат поставени првите 30 километри од гасоводот „Јужен тек“.

Според него се оди според планот, но ќе има измена на трасата во Војводина, бидејќи гасоводот наместо кон Италија ќе оди кон Баумгартен во Австрија, каде се наоѓа најголемото складиште на гас во Европа.

Тој додаде дека не постои ниту една причина „Јужен тек“, како енергетски објект, да не биде изграден во Србија, како ни во другите земји низ кои треба да минува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.