Се најавува пороен дожд и невреме

пороен

Во овој период и натаму ќе биде релативно толпо за овој дел од годината.

Денес преку денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој на повисоките места и на северот на моменти ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

Во вечерните и ноќните часови во западните и северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи.

-Облачно со обилни врнежи од дожд ќе имаме утре и во среда, кога на повеќе места се очекува да наврнат и над 60 литри на метар квадратен. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме. Денес и утре ќе дува засилен повремено и силен јужен ветер чија брзина пред се на повисоките места на моменти ќе достигнува и над 70 км/ч. Во среда кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите на воздухот, поради што на планините на северозапад и на север се очекуваат врнежи од послаб снег, информираат од УХМР.