Се намали инфлацијата во евро зоната

Инфлацијата во евро зоната во декември се намали на 0,8 отсто, соопшти Европската канцеларија за статистика Евростат.

Во декември минатата година, инфлацијата во евро зоната била 2,2 отсто, но била во зоната на „стабилен пад“, па во октомври минатата година изнесуваше 0,7 отсто.

Во соопштението на Евростат се наведува дека во декември минатата година најголем раст имаа цените на храната, алкохолот и тутунот.

Цените на енергенсите останале исти по падот од 1,1 отсто во ноември, додека цените на комуникациите се зголемени за еден отсто.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.